Армијата ќе се подмлади со 375 војници

Од:

Покачувањето од 10 проценти за сите припадници на Армијата започнува со јануарската плата, а поради недостаток од млад кадар годинава во редовите на АРМ ќе бидат примени и нови 375 професионални војници, порача министерката Шекеринска при денешната посета на Здружената оперативна команда во кумановската касарна „Боро Менков“.

„Уште еднаш можам да потврдам дека на крајот на јануари, практично започнува исплатата на 10-процентно зголемените плати на целокупниот персонал во служба на Армијата, покачување кое што долги години наназад не се случувало и кое покажува дека оваа Влада води сметка за подобрување на животниот стандард на вработените во АРМ, а со тоа ја зголемува и подобрува борбената готовност на нашата Армија“, рече министерката.

Еден од предизвиците со кои се соочува АРМ е недостатокот на млад кадар, рече министерката и најави прием на нови 375 професионални војници за оваа година.

„Годинава во три дела ќе извршиме прием на нови 375 професионални војници во Армијата на Република Македонија. Така ќе ја подмладиме нашата Армија, ќе им понудиме шанса за воена кариера на еден дел од нашите млади и ќе ја зголемиме борбената готовност, но и капацитетите на АРМ“, рече министерката Шекеринска и најави дека првиот конкурс ќе се објави во февруари.

„Целта ни е младите да добијат информација за тоа кои критериуми се неопходни и оние кои немале прилика доброволно да служат војска, да имаат шанса тоа да го направат и да конкурираат во вториот или во третиот рок“, рече министерката.

Вториот конкурс се планира за пред почетокот на летото, а третиот кон крајот на оваа година. Шекеринска информираше дека за овој прием се обезбедени средства во Буџетот.

Додаде дека приемот на овие 375 професионални војници, освен што ќе го подмлади армискиот состав, значи дека Владата е спремна да инвестира подобро опремена, подобро подготвена и подобро платена Армија.

Во однос на набавката на нови униформи, министерката рече дека во овогодинешниот план за јавни набавки има значителна сума со која што ќе може да се обезбеди основна и резервна униформа за секој припадник на АРМ.

„Сега очекуваме надлежните служби во Армијата да подготват техничка спецификација и да почне процесот на јавни набавки. Пари во Буџетот за оваа намена се обезбедени и сакам да ги повикам и текстилните компании во Република Македонија, во консултации со нас, ќе имаме технички дијалог, ќе ги презентираме некои од овие барања, да се вклучат за да добиеме и поквалитетна и подобра, а по можност и домашно произведена униформа“, рече Шекеринска.

Министерката беше и во обиколка на касарната „Боро Менков“ во Куманово и се запозна со условите за работа на припадниците на АРМ во оваа касарна.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната