Армијата и НАТО-партнерите ја почнуваат вежбата „Одлучен удар“

Од:

Околу 2.700 војници од шест држави вклучувајќи ја и нашата, од денеска до 9 јули, во две ротации, на Центарот за поддршка на обуката „Криволак“ ќе ја одржат теренската вежба „Одлучен удар“.

„Одлучен удар“ е најголемата вежба која досега се одржала во нашата земјава.

Армијата на Севрна Македонија и војската на САД ќе учествуваат со по 1.300 војници, Црна Гора со 75, Литванија 10, Бугарија 25 и Албанија со 25 војници. Со вежбата војските ќе обезбедат синхронизација на расположивите сили и капацитети и зголемување на интероперативноста меѓу силите за специјални операции на партнерските земји.

Со свое обраќање, вежбата ќе ја отвори заменик министерот за одбрана, Беким Максути, а најавено е присуство и на заменик министерот на Литванија, Витаутас Умбрасас, вршителот на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Микаела Швајцер-Блум, командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор, Павле Арсоски, како и претставници на одбранбено дипломатскиот кор од земјите кои учествуваат на вежбата во Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он