Армиите од девет балкански земји на средба во Белград

Од:

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски, учествува на конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите на балканските земји.

Дванаесетатта по ред конференција на НГШ на балканските земји се одржува во Белград, Република Србија, и на неа учествуваат НГШ на армиите од девет балкански земји членки (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Романија, Србија, Турција и Црна Гора), како и претставници од воениот комитет на НАТО, воениот комитет на ЕУ, Командата на Здружените сили во Неапол и Словенија во улога на набљудувачи.

На работните сесии покрај усвојување на годишниот извештај, се разгледувале и безбедноста и предизвиците во сајбер-просторот, како и подобрување на регионалната соработка во ова поле, за што свое излагање имале експерти од оваа област. Во своето обраќање генералот Величковски го истакнал своето убедување дека овој форум и во понатамошниот период ќе претставува столб на меѓусебното разбирање и конструктивна воената соработка, со што се дава придонес за севкупната стабилност во регионот.

Конференцијата е отворена од страна на министерот за одбрана на Република Србија, Александар Вулин, кој во своето обраќање истакнал дека мирот и стабилноста се од најголем интерес за балканскиот регион и дека соработката во воената област е единствен начин на решавање на безбедносните проблеми.

Генералот Величковски за време на форумот во попладневните часови по потпишување на заедничката изјава ќе оствари официјална билатерална средба со началникот на ГШ на вооружените сили на Србија, генерал Љубиша Дикович, како и неформални средби со другите учесници на кои ќе се дискутира за идентификување на можностите, облиците и мерките за зајакнување на понатамошната воената соработка.

Конференцијата во овој формат е воспоставена во 2006 година и се одржува еднаш годишно со ротирачки циклус на земја домаќин. Донесените заклучоци претставуваат основа и значаен механизам за продлабочување не само на меѓусебната, туку и на соработката со НАТО, ЕУ и други организации во полето на одбраната. Република Македонија беше домаќин на петтата конференција која се одржа во 2011 година, во Охрид, а следен пат ќе биде домаќин во 2022 година.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски