АРМ со донација од Чешка ќе ги развива капацитетите за атомска, биолошкa и хемиска одбрана

Од:

Донација од 190 илјади евра од Чешката Република ќе се искористи за развивање на капацитетите на единицата за атомско, биолошко, хемиска одбрана (АБХО) на нашата Армија.

Заменик министерот за одбрана, Беким Максути, денеска во Министерството за одбрана, го потпиша Договорот за донација од МО на Чешката Република претходно потпишан од страна на чешкиот заменик министер за одбранбена политика и стратегија, Радомир Јахода.

-Заменик министерот Максути изрази голема благодарност за огромната поддршка од страна на Чешката Република, истакна дека соработка која двете земји ја имаат изминативе години е на високо ниво и дека очекува таа да се продлабочи во наредниот период. Тој во оваа прилика кажа дека Армијата одигра клучна улога во реализацијата на мерките на Владата при справувањето на пандемијата и уште еднаш се заблагодари за оваа донација во вкупна вредност од околу 190.000 евра, која е наменета токму за нашите припадници, соопшти Министерството за одбрана.

На потпишувањето на Договорот, присуствуваше амбасадорот на Чешката Република во нашата земја, Мирослав Томан.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мozzart продолжува да ги опремува институциите: Донација за ЈЗУ Св.Еразмо Охрид