AРМ „наполни“ 20 години

Од:

По повод одбележување на 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија, претседателот на државата и врховен командант Ѓорге Иванов денеска ќе го прими клучниот персонал и припадничките на АРМ кои ја извршуваат должноста во мисијата ИСАФ во Авганистан и во мисијата АЛТЕА во БиХ.

Како што најави неговиот кабинет, Иванов ќе оствари и видео-конференциска врска со контингентите на АРМ на кои лично ќе им го честита 20-годишниот јубилеј на АРМ.

Во рамки на прославата на јубилејот, предвидено е свечено постројување на вработените од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ пред зградата на Министерството по што ќе се обратат министерот за одбрана Фатмир Бесими и началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески. На постројувањето ќе присуствуваат раководителите во МО, началниците на организациските единици во ГШ на АРМ, вработените во МО и ГШ на  АРМ, како и пензионираните генерали и нивни поранешни припадници.

На свеченоста ќе бидат прочитани наредби за унапредување, врачување на плакети, значки и благодарници по повод јубилејот „20 години АРМ“ за припадниците на МО и ГШ на АРМ, на семејствата на загинатите припадници на АРМ и на надворешни соработници, како и стимулативни мерки по повод Денот на АРМ.

Во касарната ,,Илинден“ во Скопје, пак, вечер ќе се изврши почесна артилериска стрелба со испукување на 10 плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на АРМ. По почесната стрелба, ќе биде изведен и огномет.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори