АРМ на воена вежба во Белгија

Од:

Првпат контингент од 150 припадници на Армијата на Република Македонија, како дел од борбената група на ЕУ за втората половина на оваа година, од денеска до 13 јуни во Белгија, ќе учествува на вежбата „Брз лав 14“.

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, кој денеска ја испрати единицата, оцени дека ова е голем успех за АМР и за Република Македонија и потенцира оти со ова испраќаме јасен сигнал за поддршка на одбранбената политика на ЕУ, на вежбите што се организират од страна на армиите од земјите-членки на ЕУ, а покрај напорите кои ги дава АРМ во мировните операции кои се под водство на НАТО, исто така даваме придонес и кон ЕУ.

– Целта e да се провери обученоста и интероперативноста на единиците кои ја градат оваа борбена група и ќе бидат евентуално ангажирани во мировни операии кои ќе се водат на територијата на Европа, изјави началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Котески, изразувајќи очекување единицата во целост да ги задоволи бараните стандарди и критериуми поставени на оваа вежба.

Декларираната единица на АРМ денеска за Белгија ќе отпатува со специјален лет организиран со авион на Вооружените сили на Кралството Белгија.

Инаку, декларираната единица на АРМ е дел од борбената група на ЕУ (ЕУБГ 214-2) која е предводена од Вооружените сили на Кралството Белгија, а во која со свои сили учествуваат и армиите на Холандија, Луксембург, Шпанија и СР Германија.

Како што соопшти Министерството за одбрана, министерот за одбрана Талат Џафери во Брисел ќе има неформална средба со претставниците на МО и ГШ на Белгија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он