АРМ го одбележа Денот на на народното востание

Од:

Делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ генерал-потполковник Горанчо Котески, по повод 11 Октомври – Денот на на народното востание, денеска во Прилеп положи венец на споменикот на Методија Андонов – Ченто.

Во рамките на одбележувањето на празникот, во центарот на Прилеп беше поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ. На изложбата беа прикажани боречки вештини и вежби со спуштање по јаже од страна на припадниците на полкот за специјални операции на АРМ, како и службените кучиња.

Во чест на празникот, делегации на МО и ГШ на АРМ во Скопје положија цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Клигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски на градските гробишта во Бутел, како и на споменикот на Методија Андонов – Ченто и на споменикот на хероите во центарот на Скопје.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он