АРМ го одбележа „18 февруари – Денот на Меѓународните Воени спортови“

Од:

По повод „18 февруари – Денот на Меѓународните Воени спортови“, во организација на Генералштабот на АРМ, денеска на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, се одржа спортски ден со припадниците на АРМ од гарнизонот Скопје и Министерството за одбрана.

Овој спортски настан, кој во АРМ се одбележува веќе осма година по ред, истовремено се одржува во сите гарнизони на АРМ, воедно оваа година се одбележуваат 65 години од основањето на Меѓународниот Совет на воени спортови.

Спортскиот настан, соопшти денеска МО, се одбележа со организација на спортски натпревари во следните дисциплини: крос на 8 километри за мажи и на 4 километри за жени, мал фудбал, кошарка и пинг-понг. Кросот за припадниците на гарнизонот Скопје, се одржа на патеката покрај кејот на Вардар, а останатите спортови во спортската сала на воениот стадион.

Претседателот на Меѓународниот совет на воени спортови во МО и АРМ полковникот Борко Симоски во своето обраќање пред присутните учесници на спортскиот настан напомена дека целта на овој проект е промовирање на здравје, физичка кондиција и пријатно чуство за секого, без селекција и исклучок на никој.

Меѓународниот совет на воени спортови е прифатен во 133 земји, а на денешната спортска манифестација учество зедоа преку 1000 припадници на МО и АРМ и Атлетската Федерација на Република Македонија.

Со одбележувањето на Денот на Меѓународните Воени спортови, припадниците на МО и АРМ уште еднаш покажаа дека јакнењето на физичката кондиција и спортскиот дух се неопходни фактори не само за здрав живот, туку и за успешно извршување на сите задачи. Со развојот на воените спортови застапени во повеќе дисциплини, АРМ дава голем придонес во развојот на спортот и спортската култура во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он