Порталот „МОЈОТГРАД“ од Кавадарци со став дека Љупчо Аризанов кој беше еден од водачите на денешните контрапротести во Скопје поседува лозови насади земени под концесија од државата, зема субвенции за нив, а никој не ги работи?
„Екипата на МОЈОТГРАД дојде до информации и фото материјали од лозовите насади на овој Аризанов, кои се напуштени. Аризанов ги земал под концесија од Државата, за кои истиот овој Аризанов “дипли” субвенции на својата трансакциска за НАПУШТЕНИТЕ ЛОЗОВИ НАСАДИ. Бетонските колци и металната жица не се обидувајте да ги најдете на сликите. A БРЕ ГИ НЕМА“, наведува порталот.
Во текстот со наслов „Чие пиунче е Аризанов“, пишува:
„Во истиот тој момент, кога пред Собранието на Република Македонија протестираше огромна маса на тутунари, овој Аризанов заедно со неколку таканаречени “земјоделци” , една мала група на луѓе кои се вработени и ден денес во административните згради низ Кавадарци, отидоа да протестираат пред седиштето на СДСМ во Скопје. Што му беше намерата? Од кого беше испратен таму? За која цена го направи тоа“?
Порталот наведува дека „со ваквиот потег на овој Аризанов, граѓаните од општина Кавадарци му ја закачиле етикета дека е само едно обично пиунче од некои политички редови“.
„Да се потсетиме. Група на граѓани од Кавадарци, со цел да го изразат својот револт во што е можно поголеми размери, го преплавија целиот град со флаери на кои имаше текстови од типот:
„За што се бори Љупчо Аризанов, за лозарите или за ВМРО ДПМНЕ?”, „Кој ги вработи неговите деца?”, „ Аризанов е узурпатор, лажго и пион на ВМРО ДПМНЕ”. Сигурно некои биле ептен изреволтирани.
На ова обвинување од страна на граѓаните , овој Аризанов имаше свое излагање на една од локалните телевизии, каде што наместо да ги демантира вакви написи од флаерите и се што беше напишано на нив, тој одговори :
„Јавно кажувам дека сум узурпатор зашто државата не го реши проблемот на луѓето што сакаат да ги хранат своите фамилии од земјоделството. И не сум само јас узурпатор. Во Тиквешијата има над 5 000 такви. Државата треба да го среди”, пишува порталот.
Ова беше одговорот цитиран од овој Аризанов. Кои се тие незадоволни земјоделци? Сигурно во нив не припаѓа тој и таквите како него“, пишува порталот.