Собранието ќе расправа за законот за стечајци

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 12. седница на која треба да расправа за Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Законот е поднесен од пратеници од парламентарното мнозинство, а со него се очекува да се реши статусот на стечајците кои не беа опфатени со претходниот закон.

На дневен ред на оваа седница се и предлог-измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесен од група пратеници.

Во рамки на 12. седница се и Предлог законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување и Предлог законот за издавање вредносни бонови – ваучери, поднесени од опозицијата.

По завршување на оваа седница, пратениците треба да ја продолжат 15. седница на чиј дневен ред се Предлог на закон за употреба на јазиците, предлог-измените на Законот за употреба на македонскиот јазик, Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија и Предлог на закон за издавање на вредносни бонови – ваучери, сите во I читање.

Пратениците ќе расправаат и за работата на министрите за финансии Драган Тевдовски, за култура Роберт Алаѓозовски и за животна средина и просторно планирање Садула Дураку.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции