Арифи: Реализирани многу инфраструктурни проекти во Горна Чаршија

Од:

Кандидатката за градоначалник на општина Тетово предложена од ДУИ, Теута Арифи денеска ја посети тетовската населба Горна Чаршија, каде пред жителите истакна дека во изминатите четири години тука биле реализирани многу проекти во инфраструктурата.

– Мостот кај старото медицинско училиште е во завршна фаза, поставени се блоковите и следните денови според најавите од изведувачот тој ќе биде и асфалтиран и пуштен во употреба. Тоа во голем дел ќе придонесе за олеснување на сообраќајот на моторни возила бидејќи тука 20 години немаше можност за минување преку реката со возила, речеАрифи.

Додаде дека од другите активности целосно е асфалтиран патот пред полицијата согласно стандардите со поставена атмосферска канализација, осветлување, тротоар и асфалтирање на коловозот.

Најави дека за десеттина денови ќе започне и обновата на улицата Мурат Бафтијари на истиот принцип како и таа пред полицијата со што, верува ќе се намалат проблемите во сообраќајот во овој дел од градот.

Во однос на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека општината ангажирала дополнителен број работници за потребите на ЈКП Тетово околу чистење на градот во време на изборната кампања што е во спротивност со Изборниот законик Арифи рече дека сите вработувања се во согласност со сите законски прописи и оти се направени пред почетокот на кампањата.

Во придружба на Арифи при денешната посета беа и носителот на листата за советници во општина Тетово од ДУИ Беким Мемети, како и дел од другите кандидати за советници и членови на општинскиот изборен штаб од оваа партија.

Би можело да ве интересира

Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, вели Мицкоски

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје