Арифи: Предлогот на ЕК е во духот на нивниот креативен пристап

Од:

Како дел од креативниот пристап чија цел е задржување на фокусот кон европската интеграција македонските власти го оценуваат предлогот на Европската комисија за старт на пристапните преговори и решавање на спорот со името во раната фаза од нив.

Вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи порача дека треба да се искористи позитивната атмосфера и поддршката од Европската унија со цел да продолжи истиот интензитет на реформи.

„Ценам дека рамката која ја предложи комесарот Фуле во однос на преговорите за членство и преговорите за прашањето за името е во духот на креативниот пристап кој досега го практикуваше Европската комисија, а кој има за цел да придонесе за задржување на фокусот на европската интеграција. Сметам дека ова е еден многу важен момент и ние треба максимално да ја искористиме позитивната атмосфера и, пред сé, поддршката која доаѓа од нашите партнери од Европската унија и да продолжиме со истиот интензитет да работиме на реформите од европската агенда, но, исто така, да градиме добри, отворени, позитивни билатерални односи со сите соседи. Сметам дека исто толку е важно што Европската комисија преку овој предлог, во ваква рамка, сака да даде дополнителен импулс за нашата земја и верувам дека ќе го задржиме нашиот, како и секогаш, конструктивен пристап во однос на овие преговори, но, исто така, и во процесите кои овозможуваат полесна интеграција во Европската унија, која е стратешка цел на сите граѓани на Република Македонија”, рече Арифи.

Вели дека и покрај предлог-рамката на ЕК, разговорите за името остануваат под покровителство на Обединетите нации.

„Сметам дека Европската унија секогаш покажувала голема доза конструктивност и разбирање за процесот, еден процес на проширување за кое институциите на Европската унија се многу одговорни. Сакам да подвлечам дека оваа година Европската комисија и Европската унија во целост апсолутно покажаа голема ангажираност да се најде пат низ кој би чекореле сите земји од југоисточна Европа и се надевам дека тоа ќе има позитивен импакт во целиот процес, додека разговорите секако остануваат под авторитетот на Обединетите нации”, рече Арифи.

Оцени дека Годишниот извештај за напредокот на Македонија е позитивен, и е резултат на ангажираноста на државните институции, невладиниот сектор и ЕУ.

„Останува впечатокот дека станува збор за многу позитивен извештај во кој се нотирани значајни резултати и остварувања на обврските кои произлегуваат од процесот на европската интеграција. Исто така, сакам да потенцирам дека овој успех е резултат на максимална ангажираност на државните институции, невладиниот сектор и секако, нашите партнери од Европската унија”, рече Арифи.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува одговор на царините на Трамп

Европски земји изразија подготвеност да купат американско оружје за Украина

ЕУ подготвува контра-царини за САД

Трамп воведува царини од 30 проценти за увоз од Европската Унија

А1он

ДУИ: ЕУ тврди дека Македонија станала отворен терен за руската пропаганда

Кошта: Не ни е потребна Унгарија за да го продолжиме процесот на пристапување на Украина кон ЕУ

Горан Наумовски