Арифи: Јазикот не беше проблем за непостигнување договор со ВМРО, проблем беа реформите во правосудството

Од:

Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, во интервју за емисија на Алсат-М потрвди дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски го прифатиле предлог законот за албанскиот јазик, но не бил постигнат договор по прашањето за реформите во судството, што е, според Арифи, главната причина за раскинување на долгогодишната коалиција помеѓу овие две партии.

– Прашањето на јазикот не беше проблем на непостигнување на договор за коалицирање со ВМРО, исто како што немаше проблем за да се постигне договор и за да се надминат со СДСМ. Мислам дека проблем беа други прашања кои се поврзани со реформите во земјата и реформите во правото, рече Арифи.

Инаку ДУИ на маса постави четири точки за кои не се преговара, прашањето на албанскиот јазик, прашањето за СЈО, и интеграции во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби