Арифи: Извештајoт на ЕК за Македонија ќе биде позитивен

Од:

Заменик-претседателката на македонската Влада задолжена за евроинтеграции Теута Арифи денеска во Брисел оствари средби со високи преставници на Европската комисија од кои добила сигнал дека претстојниот извештај на Комисијата за напредокот на Македонија во приближувањето кон Европската унија, по четврти пат едноподруго ќе биде позитивен.

Арифи утрово во зградата „Шарлемањ“, јави дописникот на МИА, оствари одвоени средби со Стефано Санино, генерален директор на Директоратот за проширување при ЕК, како и со Александра Кас Грање, која се наоѓа на чело на Секторот „Б“ во истиот Директорат за проширување, каде се работи на досието „Република Македонија“. На средбите со Санино и Кас Грање, на првиот човек задолжен за македонските евроинтеграции и биле предочени делови што ќе се најдат во извештајот на ЕК кој ќе биде готов на 10 октомври, а било разговарано и за успехот од Трите рунди на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД).

– Денеска имав можност да присуствувам на стандардното читање и претставување на извештајот што Европската комисија го прави за Македонија секоја година. Можам да кажам дека мојот заклучок и очекување е дека извештајот, како и секоја година, апсолутно ќе ја рефлектира реалноста во нашата земја. Таа реалност е позитивна и апсолутно така и ќе биде претставена, изјави Арифи по завршувањето на средбите.

Според вицепремиерката за евроинтеграции, со високите претставници на Комисијата разговарале и за ХЛАД-от, при што било посочено дека овој процес што трае помалку од една година, а на кој е работено заеднички и на партнерски основи со Европската унија, се покажал како многу позитивен процес што, според Арифи, дава можност да се авансира во политичките критериуми кои се однесуваат на пристапувањето на Македонија кон ЕУ.

– Тоа очекувам и да даде позитивни резултати и во иднина во процесот за придвижување на Македонија кон Унијата, децидна е Арифи.

На прашањето на дописникот на МИА, дали може генерално да се очекува дека Македонија по четврти пат едноподруго ќе добие позитивен извештај од ЕК и препорака за добивање на датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, вицепремиерката задолжена за евроинтеграциите одговори дека смета оти позитивната атмосфера ќе се задржи.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он