Арифи и Белели потпишаа меморандум за соработка и отворање италијански културен центар во Тетово

Од:

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи и италијанскиот амбасадор во Република Македонија Ернесто Масимино Белели денеска во Тетово потпишаа меморандум за соработка за формирање италијански културен Центар во рамки на општината.

– Договорот за соработка се однесува на заедничката инцијатива за отворање италијанско катче во Тетово што е во почетна фаза. Секогаш сме имале отворена и добра соработка со амбасадите на сите европски земји што се во Скопје и за нас како општина тоа е не само интерес, туку и обврска да придонесеме за отварање на центри со што ќе се промовираа европските јазици, култура и цивилизација изјави Арифи.

Според амбасадорот Белели преку идниот италијански културен центар граѓаните на Тетово и околината ќе имаат можност подобро да се запознаат со италијанската култура и јазик, а потпишувањето на овој меморандум е само чекор за продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Италија.

– Во италијанското катче ќе има книги и филмови на италијански јазик но и место каде сите заинтересирани ќе можат да се информираа за можностите за стипендирање на учениците и студентите во Италија, рече амбасадорот Белели.

На потпишување на меморандумот за соработка присуствуваше и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово Замир Дика.

Би можело да ве интересира

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени