Арифи – Ховит: Владата подготвува нов Акциски план

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Теута Арифи денеска се сретна со пратеникот во Европскиот парламент и известувач за Република Македонија Ричард Ховит.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата стана збор за последниот Извештај за напредокот на Македонија при што соговорниците се согласија дека во него е нотиран значаен напредок во многу клучни области како резултат на посветеноста на земјата и институциите, како и на динамиката која произлезе од Пристапниот дијалог на високо ниво.

Во однос на препораките содржани во Извештајот, вицепремиерот Арифи информираше дека Владата подготвува нов Акциски план во кој се предвидени мерки и активности за адресирање на оние области во кои се потребни дополнителни реформи. Арифи исто така посочи дека за задржувањето на позитивниот моментум во рефомските процеси важно е нашата земја да добие поддршката и од Советот на ЕУ за време на декемврискиот самит.

Европратеникот Ховит го поздрави остварениот напредок во процесот на европска интеграција и изрази надеж дека Македонија и во наредниот период ќе продолжи со исто темпо да ги имплементира неопходните реформи.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството