Арифи: Грција и Бугарија да ја поддржат кандидатурата на Македонија за НАТО и ЕУ

Од:

Теута Арифи, вицепремиер за евринтеграции на Република Македонија, во интервју за бугарски „Фокус“, вели дека пристапувањето на Македонија кон НАТО беше блокирано од Грција поради барањето да го смени уставното име.

„Според Грците, ставот на Македонија за непромена на името, води до територијални претензии за истоимената грчка област. Поради оваа причина Атина ги блокира и преговорите на Скопје за членство во ЕУ. Сега Бугарија поставува услов дека Северна Македонија не е прифатлива опција во преговорите“, вели Арифи.

Според вицепремиерот Арифи, на Балканот нема опасност од типот на големите опасности за стабилноста, како пред неколку децении, но смета дека треба доста да се работи.

На новинарското прашање, зошто по 20 години, откако Бугарија ја призна прва Македонија, односите сепак меѓу Скопје и Софија остануваат сложени и студени, Арифи вели дека за неа, како убеден Европеец е најдобро да се најдат одговори за прашањата од минатото, за да може полесно да се надминат работите за кои можеби имаме различни гледишта.

На барањето од новинарот за објаснување зошто бугарскиот амбасадор во Скопје беше нападнат пред неколку недели, Арифи одговара:

„Не знам, немам многу информации, но сепак сметам дека секој претставник, секој дипломатски претставник во која било земја апсолутно треба да има можност да ги спроведе своите обврски, и мислам дека апсолутно најмалку би требало да очекуваме да имаме такви проблеми“.

Мислам дека е многу суштинско земјите од регионот да го поддржат членството на Македонија во НАТО и во Европската унија. Очекувам тоа да го сторат најпрво членките на Европската унија од регионот, како што се Бугарија и Грција. Мислам дека нема да навлегувам во повеќе коментари во однос на проблемот, но мислам дека добрососедските односи се клучот на евроатлантската интеграција, одговри Арифи, како што коментира новинарот, кратко и дипломатски на прашањето, како ја коментира изјавата на премиерот Бојко Борисов дека името Северна Македонија, е неприфатливо за Бугарија.

 

Би можело да ве интересира

Нов руски напад врз Украина, тревога во Полска и НАТО командата

Зеленски му постави ултиматум на Путин

НАТО: Минатата година Украина доби оружје и воена опрема во вкупна вредност од 50 милијарди долари

Лидерите на НАТО ќе се состанат утре за да разговараат за Украина

А1он

Србија не сака да биде дел од НАТО, вели Вучиќ

Руските медиуми и каналите на Телеграм со лажна вест дека заробиле офицери на НАТО

Катерина Ѓуровски