Арифи ги посети децата со аутизам во Тетово

Од:

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи денеска го посети Центарот за деца со аутизам за да учествува во промоцијата на проектот за подршка на овие деца. Таа посочи дека со неговата работа се реализира идејата на поголем број дипломирани психолози и дефектолози кои сакале да им помогнат на овие деца и нивните семјства.

-Овој центар започна како инцијатива на овие дипломирани психолози и дефектолози како и нивни колеги на последна година од студирањето и кои сакаа да ги евидентираат и да работта со децата со аутизам. Ние како општина во границите на можностите им помогнавме и сега тие работат со 25 деца. Со секое дете се работи индивидуално по час и половина, секој ден и сметам дека има напредок во однос на состојбите од пред една година кога започна реализацијата на нивната инцијатива. Станува збор за појава што не била признавана порано до околината но сметам дека овој прокет треба да ја добие и подршката на Министерството за труд и социјална политика, а ние ќе се обидеме да им помогнеме и преку нашите домашни и меѓународни партнери, изјави Арифи.

Во однос на состојбите на политичката сцена Арифи посочи дека откако ДУИ решила да биде дел од новото парламентарно мнозинство постојано имаат средби со политичките партии партнери како и претставниците на меѓународниот фактор.

-Остануваме на ставот дека треба што поскоро да има избор на претседател на Собранието и формирање на нова влада бидејќи овој преседан од страната што нема мнозинство може да биде корисен и во иднина во други слични состојби да се блокираат процесите. Околу можна лидеррска средба ДУИ никогаш не бегала од било какви средби и состаноци за излез од кризата, но според нас најважно е сега да се избере претседател на Собранието рече Арифи.

За состојбите со функционирање на локалната власт во услови кога изминува нивниот мандат Арифи рече дека ќе се чека одлуката на Уставниот суд и дека очекува поскоро закажување на локални избори.

-Во услови кога имаме уставна криза, кога Собранието не носи закони, а Владата функционира само на административен план за административни работи, секако дека тоа ќе биде уште покпмплексно ос оптините. Затоа е важно да се определи датум за локалните избори за да се знаат границите бидејќи никој не сак да продолжи безгранично бидејќи сите имаат планови во општините што се направени. Ќе ја чекаме одлуката на Уставниот суд, а очекуваме тоа што побрзо да се заврши и во што е можно пократок рок да се определи датум за избоприте со што и граѓаните и администрацијата на локално ниво ќе има помалку проблеми. Ако до 14 мај ние немаме мислење или одлука како понатаму, нормално дека ќе има проблеми околу испалтата на платите, но се надевам дека на одговорен начин ќе се справиме сите со тоа.

Би можело да ве интересира

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски