Арифи: ЕУ по четири години статус кво утврди јасна рамка за преговори со Македонија

Од:

По четири години статус кво во процесот на ЕУ-интеграцијата, Советот на министри на ЕУ утврди јасна рамка за пристапните преговори на Македонија која е од суштинско значење за евроинтеграцискиот процес, изјави на денешната прес-конференција вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи, коментирајќи ги заклучоците од синоќешниот состанок на шефовите на дипломаттите на земјите членки на Унијата во Брисел.

– Рамката предвидува пристапните преговори да се отворат врз основа на извештај кој ќе го подготви Европската комисија во првото тримесечје наредната година. Натамошната имплементација на реформите ќе биде предмет на оценка и Европската комисија ќе достави врз таа основа предлог-рамка за почнување на пристапните преговори и ќе спроведе аналитички скрининг за поглавјата 23 и 24, рече Арифи.

Запрашана за различните толкувања на заклучоците, Арифи со став дека Европската унија дефинитивно се воздржала од вокабулар на условување.

– Напротив, ни се дава рамка за заедничко подготвување за преговори со Унијата за реформите за членство. Во извештајот треба да се известува и за добрососедските односи како политички критериум, и да се известува за напредокот по прашањето за името кое меѓутоа според заклучокот 42 останува во рамките на ОН, рече вицепремиерката Арифи.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија