Археолошкиот и Музејот на македонската борба дел од Европската ноќ на музеите

Од:

Археолошкиот музеј на Македонија се приклучува на „Европска ноќ на музеите 2016“ и вечерва од 18 часот па се до полноќ овозможува бесплатен влез за посетителите.

Со ова и Археолошкиот музеј се приклучува на сите музеи од земјите од Европа кои го слават културното наследство и ги отвораат навечер вратите за посетителите. Настанот е со седиште во Париз и се повторува по 13-ти пат годинава.

Од Археолошкиот музеј информираат дека поради неизвесната бројка од посетители, водичите нема да презентираат низ музејската поставка, а последниот термин за влез ќе биде 23:30 часот.

И НУ Музеј на македонската борба организира изложба по повод европската манифестација „Ноќ на музеите“ и 25 години од постоењето на најмалиот етнолошки музеј на светот од Џепчиште, Тетовско,  која ќе се одржи во фоајето на музејот, со почеток во 20 часот. Посетителите ќе можат да ја погледнат изложбата и утре.

Би можело да ве интересира

Книги од семејната библиотека на композиторот Кирил Македонски подарени на НУ Завод и Музеј-Битола

А1он

Разрешен директорот на струмичкиот Завод и Музеј

А1он

Промовирани веб страница и материјали за струшкиот Музеј „Др Никола Незлобински“

Наум Локоски

Природонаучен музеј на Македонија отвора подружница во Стар Дојран

Ана Ололовска

Музејска поставка „100 години од Првата светска војна“

Ана Ололовска

Природонаучниот музеј одбележа 90 години постоење

Емир Латифовиќ