Археолошки истражувања, па изградба на објектот на Субрата Рој

Од:

Охридскиот музеј чека пари од Министерството за култура и дозвола од Управата за културно и историско наследство за да започне со систематски археолошки истражувања во Љубанишко поле, каде треба да се гради мегаломанскиот комплекс на Индиецот Субрата Рој.

Во моментот се припрема и расчистува теренот од коров и ѓубре, се кастрат нискостеблести растенија и се обележува просторот.

„Јас чекам Министерството да ми одобри средства, за да можам да земам дозвола за археолошки истражувања. Јас добив барање за урбанизација на тој простор од Агенцијата за планирање на просторот која го работи планот.За да се направат заштитно конзерваторски основи неопходно е двата локалитети Раица Манастириште и црквата Света Богородица да се ископаат за да се утврдат границите. Јас тоа го одговорив и агенцијата се согласи“, рече Тања Паскали Бунташевска, директор на Завод и музеј Охрид.

Бунташевска вели дека станува збор за средновековни градби и оти тие некогаш биле евидентирани и лоцирани на просторот но не биле истражени до сега.

Таа вели дека по евидентирање на тие градби може да се започне со урбанизација на просторот и со градба. Бунташевска вели дека за да стратуваат со ископувања за почеток бараат 300.000 денари, но не знааат колку пари дополнително ќе им бидат потребни бидејки не знаат на колкава површина се протегаат локалитетите.

И од месната заедница во Љубаништа побарале да се истражи целиот тој просторот.Ова за А1 го потврдија и од Завод и музеј Охрид

„Процедудата мора да е запазена и ние мора да работиме по закон“, рече Бунташевска.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски