Арбитражата механизам за ефикасно, бесплатно вонсудско решавање на работни спорови

Од:

Механизмот за мирно решавање на работни спорови што неодамна беше воспоставен и во Република Македонија е главната тема на дискусија во рамки на дводневната меѓународна конференција „Мирно решавање на работни спорови“ што во организација на Меѓународната организација на трудот (МОТ) се одржува во Охрид.

Самиот механизам е осмислен да им овозможи побрзо, поефикасно и бесплатно вонсудско решавање на колективните и индивидуалните работни спорови, што е од интерес на засегнатите страни.

Заклучок на учесниците на собирот во Охрид  е дека воспоставувањето и функционирањето на механизмот е од полза како како на самите страни во споровите, така и на државата оттаму што како алатка овозможува социјален мир на работното место, а со тоа и економски раст.
Експертите по оваа проблематика од Македонија и од повеќе држави од регионот како и од Европа на состанокот го презентираа и Прирачникот за професионални помирувачи и арбитри, што ќе им биде од полза на самите посредници во споровите да ги развиваат практичните знаења и вештини за поефикасно управување со процесот на разрешување на спровите меѓу работниците и работодавачите.

Кога станува збор за Македонија, веќе една година функционира механизмот за мирно решавање на работните спорови, со лиценцирано 41 лице како арбитар во тој процес. Досега се процесуирани четири предмети, од кои два со позитивен исход, еден со негативен и еден спор во фазаз на решавање.

–  Министерството за труд и социјална политика интензивно работи на имплементација на Законот за мирно решавање на работни спорови. Во првата половина на минатата година поставена е правната подлога за целосна имплемнтација на законот со правилници, регистар на помирувачи, донесен е и тарифник за надоместок за арбитрите, како и настанва програма за обука на лица за помирувачи, појасни Горан Нешевски од Министерството ангажиран на проблематиката на мирно решавање на работни спорови.

Илија Манасиев, арбитар во работни спорови, појасни дека постоењето законска рамка им овозможува на заинтересираните странки да побараат помош од лиценцираните помирувачи како можност за изнаоѓање компромисно решение на споровите, со забелешка дека треба да се работи на промоција на тој механизам за наедминување на недоразбирањата.

–  Граѓаните треба да знаат дека судот не е единствената инстанца во решавањето на споровите. Сега постои неутрален помирувач кој може да им помогне да дојдат до компромисно решение и тоа во мошне покус рок од вообичаените судски постапки, рече Манасиев.
Искуствата од првите неколку решени работни спорови со помош на лиценцирани помирувачи, односно арбитри, покажа дека овој нов механизам е поефикасен и поисплатлив отколку класичните судски постапки.

–  Механизмот се темели на јасни принципи, како што се неутралноста, доверливоста, непристрасноста, еднаквоста и правичноста, и верувам дека довербата во него постојано ќе се зголемува, а со тоа ќе се зголемува и бројот на постапки кои ќе бидат решавани на ваков начин, изјави Лазар Јовевски, лиценциран помирувач и заменик претседател на Асоцијацијата.
Искуствата на другите држави од спроведувањето на механизмот на мирно решавање на споровите се повеќе од позитивни. Во Црна Гора каде механизмот функцинира од пред пет години, податоците покажуваат дека дури 73 проценти од 30 илјади спорови се позитивно решени со договор по пат на односната арбитража.

–  Механизмите на заштита на работниците во насока на остварувањето на нивните права, како индивидуални така и колективните, беа препознаени од страна на сите субјекти во социјалниот дијалог. Самите почетоци на функцинирањето на институцијата посредник во споровите беа далеку од лесни, оттаму што како новина во правниот систем требаше да ја заслужи довербата на граѓаните дека покрај судот, постои неформален, едноставен и бесплатен начин како да ги остварат своите права и во рок од 30 дена да решат евентуален работен спор, рече Зденка Бурзан, директор на Агенцијата за мирно решавање на работни спорови на Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза