Аптеките го почитуваат системот со новите цени

Од:

Системот со нови цени се почитува во сите контролирани аптеки, соопшти Министерството за здравство, откако Бирото за лекови во понеделник изврши надзор во поголем број аптеки низ државата.

Од досега посетените 160 аптеки, инспекторите констатирале дека во компјутерскиот систем на аптеките се ставени новите цени на лекови и истите функционираат.

Контроли биле направени во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Велес, Свети Николе и Штип, а во наредните денови се планирани вонредни инспекциски надзори и во останатите градови низ државата.

Инспекторите од Бирото за лекови продолжуваат со редовните контроли за почитување на одредбите од новата методологија, кои се однесуваат на намалување на цените.

Согласно последните измени на Законот за лекови и донесената методологија за начинот на формирање на цените на лековите, од денеска е извршено ново намалување на цените кај 346 лекови, од кои 139 се иновативни, а 207 се генерички лекови.

Бирото за лекови ја потенцира одговорноста на фармацевтите во аптеките за спроведување на оваа законска одредба.

Од таму ги охрабруваат граѓаните доколку им биде наплатена повисока цена од објавената, како и за други евентуални неправилности да се обратат кај директорот на Бирото, на тел. – 02/3116-340./

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!