Апостолска – Томан: Одличните политички односи цврста основа за надградба на економските односи

Од:

Економските односи помеѓу двете земји, условите за инвестирање во Северна Македонија и нивно претставување пред чешката бизнис заедница беа тема на разговор на денешната работна средба во Скопје меѓу министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и чешкиот амбасадор во земјава, Мирослав Томан.

Зборувајќи за инвестицскиот амбиент и Законот за финансиска поддршка на инвестициите министерката Апостолска истакна дека просторот за економска соработка помеѓу двете земји не е исцрпен, можностите за нејзино продлабочување постојат од аспект на стимулативната инвестициска клима која може да биде атрактивна за чешки компании да реализираат инвестициски проекти во земјава.

-Унапредувањето на трговските односи, кои во првите девет месеци од годинава бележат раст од 9,3 отсто споредено со истиот период од 2018 година, зборува за позитивната економска доверба која постои помеѓу двете земји и истовремено може да биде позитивен сигнал за чешките компании Северна Македонија да ја препознаат како своја инвестициска дестинација, рече Апостолска.

Амбасадорот Томан посочи дека од нивна страна активно се работи на приближување на стопанските заедници и градење на што повеќе деловни релации помеѓу чешки и македонски компании, притоа изразувајќи уверување дека Северна Македонија има многу што да понуди во делот на индустријата поврзана со железничкиот транспорт, текстилот и земјоделството.

Заеднички беше оценето дека одличните политички односи помеѓу двете земји, од перспектива на поддршката која Република Северна Македонија ја добива од Република Чешка во евроатланските интеграции, создаваат цврста основа за понатамошна надградба на економските и инвестициските односи.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски