АПЕММ се противи на директната финансиска помош за медиумите, бара строги правила за поделбата на државните пари

Од:

Членките на АПЕММ сметаат дека директна помош на медиумите, без натпревар и без контрола и правила за дистрибуција на финансии, ќе значат дисторзија на пазарот, па според тоа, во ваквата поставеност, не ја одобруваме промената на членот 102 од Законот за АВМУ, соопшти денеска Асоцијацијата на приватни електронски медиуми (АПЕММ).

– Единствената можна отстапка од пропишаното со законот во член 102, е само доколку се дефинираат строги правила на дистрибуција, преку натпревар, дефинирани цени и достапност на сите медиуми до ваквите кампањи. При тоа, мора да постои одредено тело, кое што ќе го гарантира јавниот интерес од вакви кампањи, а намената на овие спотови да биде тематска, како што е на пример вакцинација од Ковид 19, едукација за попис и сл. Во развиените медиумски пазари, секој радидифузер, со добивањето на дозоволата за работа, се обврзува на емитување соопштенија и спотови од јавен интерес (кампањи од јавен интререс). Во пракса, секој субјект е обврзан да отстапи одреден број на секунди, што е предвидено со тнр. фонд за медиуми, преку дистрибуција на вакви содржини до јавноста, за што, за возврат добива бенeфицирана лиценца, се наведува во соопштението.

АПЕММ посочува дека до Владата има доставено предлог проект за основање на фонд за медиуми, што го опфаќа и прашањето на кампањи од јавен интерес, преку промоција на спотови од јавен интерес, како и обезбедување на транспарентност на општините и другите јавни институции.

– Ова што Владата го предлага, го оценуваме само како преодна фаза кон фондот за медиуми, кој што мора да биде поставен како независен субјект, своевиден филтер помеѓу извршната власт и медиумите без да се има можност на директно договарање на јавните институции, Владата и општините со медиумите. Да појасниме, бидејќи се чини се стекна погрешен впечатокот во јавноста, дека Фондот за медиуми не е само наменет за продукција на проекти од јавен интерес, туку е пошироко и сеопфатно системско решение за сите медиуми, вклучувајќи ги и печатените и новите дигитални изданија, портали и продукции, наведуваат од АПЕММ.

Асоцијацијата потсетува дека вакви фондови постојат секаде во регионот, функционираат по пат на натпревар и учествуваат во домашната продукција на програми, при што Фондот за медиуми ги задоволува потребите на локалните, регионалните и националните медиуми.

– Проектот за фондот за медуми е превенција од повторување на праксата од минатото, кога се случија два упади на пазарот, а тоа беа проектите од јавен интерес преку Советот за радиодифузија, каде што АПЕММ организираше штрајк за да се прекине корупцијата во медиумите. Вториот беше за време на Владата на Груевски, со трошењето на огромни пари кон провладините медиуми и отварање на партиски фантомски медиуми кои издржаа само 120 дена по падот на Владата. Сега, се случи понов упад во пазарот со дистрибуцијата на пари преку Државната изборна комисија (ДИК), која сама одредува цени, еднакви за сите, назвисно дали се национални и локални, непочитувајќи ги правилата за одредување на цена на основа на позицијата на медиумот, слушаноста, големината и сл. Овој однос внесе нова дисторзија на пазарот, со вбризгување на огромни пари, главно во петте национални телевизии, се вели во соопштението.

Според АПЕММ, доколку ова се повтори и сега, преку намерата за промена на членот 102, повторно се враќаме на старата пракса, кога некои медиуми преку јавните пари се привелигираат, под изговор со јавниот интерес, а тоа ќе значи нов упад на пазарот и продолжување на агонијата на медиумите.

Асоцијацијата смета дека дополнителено привилегирање се случило со владините Ковид мерки, со ослободувањето од плаќањето на надоместокот за мултиплекс и ослободување од плаќањето на дозволата во АВМУ.

– Радиостаниците се оштетени, бидејќи не добија пропорционално ослободување како и телевизиите, односно не беа ослободени од најголемата давачка во своето работење, а тоа е надоместкот што го плаќање за користење на дистрибутивниот систем на ЈП НРД, додава АПЕММ.

Асоцијацијата наведува дака овие пет национални телевизии кои држат две третини од рекламниот пазар со владините мерки добија дополнително финансиско олеснување, додека радијата, кои заедно со сите останати медиуми се борат за таа преостаната една третина од рекламниот пазар, добија само ослободување од плаќањето кон АВМУ, што е помалиот трошок во нивното работење, со што, според АПЕММ, радијата биле ставени во дискриминирски однос од страна на Владата.

– Со цел да го избегнеме повторувањето на лошите пркатики од минатото, АПЕММ до Владата достави предлози за промена на неколку членови од законот за ААВМУ. Посочените делови од законот претставуваат технички грешки, кои го кочат развојот на медиумската индустрија, а дел од тие членови, со промената отвараат нови можности за рекламирање на субјекти и на тој начин да помогнат да се зголеми маркетинг колачот во медиумската индустрија. Во функција на побрз развој на медумите АПЕММ упатува неколку барања: медиумските реформи да започнат веднаш, да се избере нов состав на ААВМУ кој што ќе биде компетентен и ќе соработува со Владата и сите чинители на пазарот; помош од Владата за медиумите во делот за Ковид мерките, со тоа што радиостаниците да добијат еднаков третман како и ТВ станиците. Имено, во пакетот мерки пропуштено е ослободување на радиостаниците од надоместокот за дистрибуција на сигнал преку ЈП НРД и за лиценца за АЕК и сите парламентарни партии да ги поддржат измените на законот наложени од АПЕММ, наведува Асоцијацијата во соопштението.

Според АПЕММ, измената на членот 102 да биде со дефинирање на строги правила, како преодна фаза за фондот за медиуми, а со тоа, преку промената на членовите од законот за ААВМУ, да се започне со долгоочекуваната медиумска реформа со која бенефит ќе имаат и граѓаните на земјата и сите политички субјекти.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on