Aпелирам до СДСМ да не профитира политички од трагедијата во Кочани, вели премиерот Мицкоски

Од:

Ги отфрлам овие неосновани обвинувања и апелирам СДСМ да не профитира политички на оваа ужасна трагедија, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски откако опозициската партија обвини дека заедно со обвинителот Коцевски го заштитува тогашниот началник на СВР Штип, Дејан Салтировски, за кого не е покренато обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“.

– Се разбира дека нема вистина. Јас жалам што СДСМ и инсталации во опозицијата се обидуваат на еден мизерен начин да ја злоупотребуваат оваа трагедија. Тоа што го прават е нечовечки и нехумано, но оставам граѓаните да судат и да пресудуваат. Луѓето во чие време се случија најголемите сообраќајни несреќи кои однесоа десетици човечки животи, луѓе живи гореа, додека компании во Хонг Конг регистрирани за трговија со банани и јужно овошје трипати ги натплаќаа вакцините во време на ковид-кризата, луѓето во чие време како Влада се случи најголемиот скандал во здравството, на Онкологија, кога беше јасно дека пациентите во терминална фаза наместо терапија добиваат раствори итн., изјави Мицкоски.

Нагласи дека обвинителот Коцевски „никако не може да биде близок со ВМРО-ДПМНЕ“ и дека тој бил предлог на претходната власт и го гласале тогаш нивни пратеници.

Дента на несреќата, „долетале“, рече, обвинители предводени од тројца луѓе – актуелниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, Гаврил Бубевски и Ислам Абази.

-СДСМ, ДУИ и други политички партии може да ја потценуваат јавноста, но таа е свесна и многу добро знае кој стои зад изборот на овие три имиња – Абази, Бубевски и Коцевски. Во една прилика во парламентот го читав листингот на пратениците кои го гласаа Љупчо Коцевски за јавен обвинител. Тој може да биде сѐ, но никако не може да биде близок до ВМРО-ДПМНЕ туку тој е јасно изгласан од мнозинството во Парламент и во Владата во која членувале СДСМ и ДУИ, на предлог на тогашниот прв заменик претседател на Владата, г. Артан Груби. Се разбира дека ги отфрлам овие неосновани обвинувања и ги повикувам СДСМ, но и останатите кои се обидуваат да профитираат политички на оваа ужасна трагедија, да не го прават тоа, истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: И началничката Марија Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски за трагедијата во Кочани

СДСМ: Кога Мицкоски е фатен во криминал, тоа е дестабилизација

Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити Дејан Салтировски

Арсовска „се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори“, тврди Мицкоски

Мицкоски: Следната недела ќе бидат именувани новите министри во Владата

(ВИДЕО) Илиески: Драган Петрушев е заштитен од Мицкоски и Коцевски за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски