Апелација одлучи: Обвинетите во „Тендери“ остануваат без пасошите

Од:

Апелацискиот суд Скопје денеска соопшти дека се одбиени жалбите на СЈО и на обвинетите меѓу кои и поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска и уште две лица за определените мерки за претпазливост изречени од Кривичниот суд во случајот „Тендери“.

Судот соопшти дека се потврдени првостепените решенија на Кривичниот суд со кои се определени мерки за претпазиливост: обврска за обвинетите да се јавуваат во судот и привремено одземање патна исправа и забрана за издавање нова.

Предметот „Тендери“ на СЈО се однесува на набавки поврзани со изградбата на Музејот на ВМРО.

Апелацискиот суд досега ги одби сите поднесени жалби на решенијата на Кривичниот суд во врска со предметите на СЈО.

Би можело да ве интересира

Левица: Закон за јавни набавки по нарачка на тендер мафијата и бизнис елитите на ДПМНЕ и ЗНАМ

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Беса Транс“, предметот вратен на повторно судење

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Застаре случајот „Тендери“ во кој беше обвинета Канческа-Милевска

Катерина Ѓуровски

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он