Апелациониот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда за случајот „Хотел Изгрев“

Од:

Апелациониот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје во предметот познат како „Хотел Изгрев“, со која обвинетите беа ослободени од вина, а се преиначи во делот од пресудата кој веќе е застарен на начин што е донесена одбивателна пресуда.

Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, Апелација одлучувала по жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против првостепената пресуда за обвинетите Д.М. и Ѓ.М. од Струга и Д.С. од Скопје, кои беа гонети за кривичното дело перење пари и други приноси од казниво дело.

– Второстепениот суд, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против пресудата на Кривичниот суд Скопје против обвинетите Д.М. и Ѓ.М. од Струга и Д.С. од Скопје за кривичните дела Перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273 ст.1, донел пресуда со која жалбата на Јавниот обвинител се одбива како неоснована односно ослободителната пресуда на Кривичниот суд против обвинетиот Д.С. се потврдува, а ослободителната пресуда против Д.М. и Ѓ.М се преиначува на начин што обвинението против овие двајца обвинети се одбива согласно чл. 367 т.6 од ЗКП , односно гонењето не може да продолжи заради застареност, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

Според Судот, станува збор за судска постапка која за првпат е започната во 2009 година и до 2025 година се донесени повеќе, различни првостепени пресуди кои по жалба на странките и одлука на Второстепениот суд е враќана на повторно постапување.

-Постапката е водена според процесниот Закон за периодот кога е започната постапката и според кој нема ограничување колкупати првостепената пресуда ќе биде укинувана од страна на повисокиот суд и враќање на почетокот. Со сегашната одлука на Апелациониот суд Скопје предметот станува правосилен, велат од Основниот кривичен суд Скопје.

Би можело да ве интересира

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

A1on

Авировиќ се спаси од затвор, Сеад Кочан доби 4 години и 8 месеци казна

Сандра Бошковска

Апелациски суд: Укинат притворот на Јанакиески, Јосифовиќ, Божиновски и Арсовска, четворицата во куќен притвор

Наум Локоски

Увид во АКМИС во Апелацискиот суд во Скопје

Наум Локоски

Хотел „Изгрев Спа“: Труењето е од храна купена на друго место

Наум Локоски