Апелација Мијалков го вади од Шутка и го праќа во куќен притвор

Од:

Апелациониот суд Скопје извести дека постапувајќи по кривичниот предмет познат како „Титаник 2“ , по одржана јавна седница, донесе одлука со која жалбите на обвинетите делумно се уважуваат.

Од Шутка излегува Сашо Мијалков кој ќе остане во куќен притвор до правосилноста на пресудата, а најдолго 60 дена сметано од 08.03.2019 година.

Од Шутка излегува и Бедредин Ибраими, кој ќе биде во куќен притвор до правосилноста на пресудата од 08.03.2019 година, односно до започнување со издржување на казната.

По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема обвинетата Анета стефановска определена е мерка на претпазливост – Обврска на обвинетата да се јавува повремено во Основен суд Битола секој работен вторник, со траење до правосилноста на пресудата од 08.03.2019 година.

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, за случајот Титаник 2 беше осуден на 3 години затвор бидејќи побарал и издејствувал поништување на регуларни резултати на три гласачки места за време на изборите во 2013 година. Судот го прогласи виновен за примање награда за противзаконито влијание.

Највисока казна, четири и пол години затвор, доби тогашниот член на ДИК од партијата ДПА, Бедредин Ибраими.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, доби три години и два месеци затворска казна.

Пресудата беше изречена на 8 март годинава.

Во меѓувреме Врховниот суд за Империја се уште ја нема разгледано жалбата за укинување на куѓниот притвор за Мијалков.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мијалков овојпат со затворско комбе симнат позади судот, завршни зборови за „Титаник 2“

Кристијан Ландов