Апелација ќе решава за жалбите за „Титаник“

Од:

Апелацискиот суд денеска ќе продолжи со разгледување на жалбите за мерките за претпазливост изречени од Кривичниот суд во предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуралности.

Според најавите, на денешните седници во Судот ќе се разгледуваат жалбите на СЈО и на обвинетите во „Титаник“, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешните министри за транспорт и врски Миле Јанакиески, за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски.

Седниците се закажани откако СЈО за случајот „Титаник” се жалеше на одлуката на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 со која на обвинетите место притвор, им беа определени мерки на претпазливост. Жалби на одлуката на првостепениот суд поднесе и одбраната на обвинетите. Судот има рок од 48 часа да донесе одлука.

Содот досега ги одби сите поднесени жалби на решенијата на Кривичниот суд во врска со предметите на СЈО.

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он