ВИДЕО: Апелација ќе одлучува за жалбите на СЈО против разузнавачот Пепиќ обвинет дека носел гласачи од Пустец

Од:

Жалбата на Мунир Пепиќ денеска беше разгледана во Апелациониот суд. Разузнавачот од Агенцијата за разузнавање е обвинет во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство за изборни измами и манипулации.

Пепиќ, кој е поранешен вработен во полициската станица Центар, ја обжали одлуката на Кривичниот суд со која му беше одземен пасошот и со која му беше наложена обврска еднаш неделно да се јавува во суд.

СЈО во претходна постапка извршило и претрес во неговиот дом. Тој бил посочен од една од осомничените, со иницијали Ј.Г., и од двајца сведоци, Ф.С. и А.Е., како човек кој имал најголем удел во целокупната активност на носење лица на групно фотографирање за незаконски лични карти.

Адвокатката Сања Алексиќ рече дека остануваат на жалбата на обвинетиот да му бидат укинати мерките на претпазливост донесени од првостепениот суд.

Обвинетиот Мунир Пепиќ рече дека знае за кои кривични дела се товари и дека не мисли да бега. Тој рече дека пасошот му е потребен за службени патувања.

Тој пред судот рече дека се вратил од службено патување за да го донесе пасошот.

Обвинителот Гаврил Бубевски рече дека Мунир Пепиќ нема цврсти врски само со македонски државјани туку има цврсти врски и со граѓани од Пустец и од Косово.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески

Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Александар Тодески

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески