Апелација ја укина пресудата за Мијалков за „Титаник 2“

Од:

Апелациониот суд ја укина пресудата за ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков, дознава неофицијално „А1он“.

Предметот ќе се врати на повторно судење. Пресудата е укината поради суштествени повреди на постапката. Никој од судот засега не ја потврдува информацијата.

Kривичниот суд во Скопје во март годинава на екс-директорот на УБК, Мијалков му пресуди три години затвор во овој предмет. Поранешниот директор на УБК беше осуден за примање награда за противзаконско влијание, бидејќи преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, побарал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на гласачко место во Струмица.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, беше осуден на три години и два месеца затвор, Бедредин Ибраими доби четири години и шест месеци, а членовите на ДИК, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по три години затвор.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

Јавното обвинителство не се согласило со условен отпуст за Сашо Мијалков

ВИДЕО: Целото видео на Сашо Мијалков со џет сетот во хотел во Монако

А1он

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Беса Транс“, предметот вратен на повторно судење

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on