Скопскиот Апелациски суд ја потврди пресудата за случајот „Расколник“ во кој е обвинет расчинетиот владика Јован Вранишковски.
Според првостепената пресуда, Вранишковски беше осуден на казна затвор од три години за перење пари.
Апелација ја одби жалбата на Вранишковски како неоснована. И за останатите обвинети следбеници на православната охридска архиепископија меѓу кои и неговата мајка и сестра е потврдена казната од Основниот суд, односно се прогласени за виновни за истото дело перење пари за што добија условни затворски казни од две години.
Според обвинението, Вранишковски и неговите соработници преку купување имот проневериле околу 240 илјади евра во периодот од 1998 до 2002 година.
За истиот случај одговараше и пред Велешкиот суд каде доби казна затвор од две и пол години.
Ослободувањето на расчинетиот владика Јован Вранишковски беше поставено како услов од Српската православна црква за продолжување на преговорите со МПЦ.