Апелација го потврди притворот на Сеад Кочан

Од:

Апелациониот суд Скопје известува дека, по одржана јавна седница на ден 15.03.2017 година, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје на ден 16.03.2017 година донесе решение КСЖ-135/17, со кое жалбата на осомничениот С. К. од С., изјавена преку бранителот Адвокатско друштво Никола Додевски – адвокат Никола Додевски, е делумно уважена, пишува Апелациониот суд на својот веб сајт.

Од таму кажуваат дека се потврдува мерката притвор за Сеад Кочан поради неговото бегство.

„Решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје I Скопје со кое против осомничениот е определена мерка притвор е потврдено по однос на околноста опасност од бегство согласно член 165 ст.1 т.1 од ЗКП. Истовремено советот одлучи дека останатите причини од член 165 ст.1 т.2 и 3 од ЗКП, поради кои била определена мерка притвор не се исполнети“, стои во соопштението на Апелација.

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он

Претседателот на Кривичен суд Џолев избран за судија во Апелација

Катерина Ѓуровски