Апелација делумно ги уважи жалбите на обвинетиот Зоран Милески за „Рекет“

Од:

Апелацискиот суд Скопје делумно ги уважи жалбите на обвинетиот Зоран Милески во случајот „Рекет“ на начин што ја потврди првостепената пресуда, по однос на вината и изречената кривична санкција, додека во делот на одлуката за одземање на предмети ја укина и во овој дел предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.

-Апелацискиот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 8/20, во јавноста познат како „Рекет“, по одржана јавна седница на ден 02.09.2020 година, донесе пресуда со која жалбите на обвинетиот Зоран Милески од Скопје, делумно ги уважи на начин што ја потврди првостепената пресуда, по однос на вината и изречената кривична санкција, додека во делот на одлуката за одземање на предмети ја укина и во овој дел предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување, соопштија од Апелацискиот суд.

Вака донесената одлука, како што велат од Судот, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Беса Транс“, предметот вратен на повторно судење

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски