Апел за помош на 41- годишната велешанка Елена на која и е потребна итна операција

Од:

На велешанка Елена, родена на 25 декември 1982 година, пред два месеца и е дијагностициран ADENOID CYSTIC CARCINOMA, карцином на нос и око, којшто мора веднаш да се оперира со цел да не се прошири во главата.

Пред три дена пуштени се броеви за донации A1 – 143 486 и ТЕЛЕКОМ – 143 122.

Исто така, може да направите донација со картичка, Pay Pal, ApplePay, GooglePay, Revolut на следниот линк:

https://pavelandreev.bg/mk/campaign/da-go-spasime-jivoto-na-elena . На платформата можете да донирате без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо.

Како што информираат од нејзиното семејство, во моментов здравствената состојба на Елена е сериозно влошена, бидејќи секојдневно имала крвање од носот, како и главоболки. Треба да и се направат две или повеќе операции во Република Турција за кои е потребна сума од 50.000 евра. Нејзиното семејство вели дека оваа сума за нив во моментов е невозможна и затоа бараат помош од сите велешани и граѓаните од нашата држава и од странство.

Порачуваат дека тие како семејство секогаш помагале секаде каде што е потребно и затоа се надеваат дека сега сите заедно ќе им помогнат да си го спасат девојчето.

Би можело да ве интересира

Апел за помош: Да го помогнеме лекувањето на Леонид

Апел за помош за 35-годишниот Стефан Ивановиќ од Скопје

Горан Наумовски

Се бараат донации за лекување на 29-годишно момче од Валандово

А1он

Апел за помош за лекување на Тони Шопов, велешката ракометна легенда

Предраг Петровиќ

Отворена линија за донации за двегодишно девојче од Валандово кое се бори со тешка форма на тумор

Предраг Петровиќ

Апел за помош на 30-годишниот Тоше Илиевски