Апел за помош за 35-годишниот Стефан Ивановиќ од Скопје

Од:

Триесет и петгодишниот Стефан Ивановиќ од Скопје кој од мал боледува од Церебрална парализа и апелира за помош за неговото лекување со болеста.

„Како идат годините болеста прогресира и полека ми ги одзема сега и рацете и нозете и говорот. Во Македонија нема начин да се спречи прогресијата на болеста одлучив како и сите да го започнам лекувањето со матични клетки за ова лекување во Македонија се смета за непризнато поради тоа фондот не рефундира пари за лекување на Церебрална парализа, затоа отворив броеви донациски и од Телеком и А1 и решив да барам помош од хуманите луѓе.

Но како и секогаш постојат и лоши луѓе кој ја користат мојата добрина и тоа што јас 2019 година останав без мајка таа боледуваше од дијабетис и почина од сепса на 72 години сега сум сам. Моето лекување требаше да започне во Русија во клиничка болница Неуровита но не успеав да ги соберам средствата во износ од 22.000 евра фати војна потоа клиниката ми прати фактура дека не примаат евра поради војната треба да се плати моето лекување 22.000 рубљи.

Бев поврзан со едни донатори кој ми дадоа чесен збор дека ќе се обидат да ме пратат на лекување во Русија но тоа да биде анонимно на кратко да кажам клиничката болница од кога донаторите се вклучија да ми помогнат болницата почнаа да ми праќаа некој грешни документи се грешки и провокација потоа јас се скарав со болницата и со анонимните донатори, поради влошување на мојата болест си го продадов мојот стан 22.000 евра за да заминам на лекување со матични клетки јас пробав пишав мејл до клиничката болница Неуровита дека сум спремен да дојдам директно на лекување во Москва но клиниката не ми врати одговор, потоа исконтактирав со Нови Сад, Србија кој се партнери со клиничката болница EmCell во Киев, Украина поднесов документи сегашни од мојата сегашна состојба во Нови Сад, Видерма соработници со Киев неколку дена чекав на одговор и потоа добив позитивен одговор дека сум примен на лекување со матични клетки за првиот третман платив 18.000 евра. Ги молам хуманите луѓе знам дека сеуште има хумани јас повеќе нема што да продадам за да го продолжам лекувањето ги молам сите хуманитарни здруженија и организации да се вклучат и да помогнат што побрзо да се обезбедат пари“, вели Ивановиќ.

Броеви за донации;

143-303 Македонски Телеком
143-485 А1 Македонија

Би можело да ве интересира

Апел за помош: Да го помогнеме лекувањето на Леонид

Се бараат донации за лекување на 29-годишно момче од Валандово

А1он

Апел за помош за лекување на Тони Шопов, велешката ракометна легенда

Предраг Петровиќ

Отворена линија за донации за двегодишно девојче од Валандово кое се бори со тешка форма на тумор

Предраг Петровиќ

Апел за помош на 30-годишниот Тоше Илиевски