Апел за безбедно возење без алкохол и мобилни телефони

Од:

Сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, условите на патиштата и воопшто безбедно и одговорно да возат без употреба на алкохол и мобилни телефони, како најчести предизвикувачи на сообраќајни незгоди.

Овие заклучоци произлегоа од стручната работилница што се одржа во Струмица во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, СВР-Струмица и Општина Струмица.

На работилницата учествуваа и претставници на училиштата, здруженија на граѓани и јавни претпријатија.

Во разговорот посебно се акцентираше појавата на уништување на сообраќајните знаци и другата патна сигнализација, посебно на местата каде постои одредена забрана. Беше потенцирана и опасноста од зголемениот број ноќни трки и бучава на моторите низ главните булевари во градот, движење на мотори низ пешачката зона на плоштадот, намалената безбедност на пешаците и велосипедистите и други актуелни појави.

На крајот од работилницата беа донесени одредени заклучоци, кои се однесуваат на унапредување на соработката помеѓу надлежните субјекти, размена на ставови, мислења и практични искуства за предлог мерки и активности за побезбеден сообраќај на локално ниво.

За училиштата, пак, беше посебно нагласено дека е потребно да се воведат наставни програми од областа на безбедноста во сообраќајот како и да се организираат сообраќајни единици-тимови од ученици за обезбедување на пешачката зона пред училиштата.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица