Апел од МНР: Македонските државјани да ја напуштат Сирија

Од:

Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика.

-Апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија, се наведува во соопштението од Министерството.

Оттаму посочуваат дека како и секогаш, Министерството ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија +389 75 268 736 (меил адреса: [email protected] ).

Би можело да ве интересира

Израелски напад во близина на Дамаск загинаа осум сириски војници

Израелски беспилотни летала ликвидираа сириски војници

(ВИДЕО) Американската војска уби висок лидер на ИСИС во Сирија

Сириските сили извршија масакр во болница: Крв и тела насекаде „убиваа луѓе во кревет“

Ал-Шара: Заштитата на Друзите е приоритет за сириските власти

ВИДЕО: Драматична ескалација во Сирија, експлозии во Дамаск