Апел од Детската клиника: Новогодишните пакетчиња со храна заменете ги со други подароци

Од:

Клиниката за детски болести упати молба и апел до сите кои што сакаат да им подарат новогодишни пакетчиња на децата, тоа да не бидат пакетчиња со храна затоа што голем дел од децата не смеат да јадат чоколади, бонбони и грицки.

„Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, сите вие кои традиционално во овој период не посетувате, со убава мисла и подароци за нашите најмили, ве замолуваме, годинава, новогодишните чоколадни пакетчиња да ги замените со подароци кои не содржат храна. Голем дел од децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести, не се во здравствена состојба која дозволува конзумација на чоколади, бомбони и грицки. Затоа, препорачуваме во овој предновогодишен период да ги израдуваме нашите пациенти и да го направиме нивниот престој поубав со малку поинакви подароци“, велат од Клиниката.

Би можело да ве интересира

Инспекторатот не утврди недостатоци при третманот на деветгодишното дете почина во вторникот

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детска клиника

Таравари апелира матичните лекари да не ги испраќаат сите пациенти на Детска клиника

Таравари: Нема лекарска грешка во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника

Левица: Бебиња умираат додека монструмот Мемеди не ги санира пропустите на Детска Клиника

Стручен надзор за лекувањето на починатото седуммесечно бебе предлага Инспекторатот

Катерина Ѓуровски