АПЕЛ на РСБСП: За безбедни и весели празници – возете одговорно!

Од:

„Билтенот на Министерството за внатрешни работи во пресрет на Нова Година и Божиќ, покажува голем број на сообраќајни незгоди и голем број на загинати и повредени лица на патиштата во Република Македонија. Секојдневно сме сведоци на сообраќајни незгоди со фатални последици кои се предизвикани од брзо и агресивно однесување во сообраќајот, возење под дејство на алкохол, итн. Водејки се од тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, да не возат под дејство на алкохол и да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината.

Статистиката потврдува дека и понатаму доминантна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици е факторот човек. Неодговорните возачи, неодговорните пешаци, велосипедисти, мотоциклисти… го загрозуваат безбедното одвивање на сообраќајот. За жал и понатаму, особено кај младите, преовладува перцепција дека сообраќајните незгоди се случуваат на некои други лица и дека лично не се погодени од опасноста да настрадаат во сообраќајна незгода, се до моментот додека не станат жртва- учесник во сообраќајна незгода.

Токму затоа РСБСП апелира на разум, свест и одговорност. Секој учесник во сообраќајот да ја преземе сопствената одговорност за негово безбедно одвивање.

Посебно, РСБСП апелира до возачите:

• да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол
• да не ги користат возилата доколку немаат реална потреба, а особено да не ги користат возилата за време на предновогодишните и новогодишните прослави и веселби.
• да бидат смирени и фокусирани и да не се однесуватат агресивно во сообраќајот. Агресивното и нервозно учество во сообраќајот нема да ја намалат гужвата и метежот во сообраќајот.
• да ја прилагодат брзината кон моменталните услови на патот и ситуацијата во која во моментот се наоѓаат.
• да држатт соодветно растојание меѓу возилата.
• да возат одморени, со претходно испланирано патување и со редовни паузи за време на патувањето.
• ако патуваат со деца во возилото, да им обезбедат сигурно патување со тоа што ќе им обезбедат соодветно детско седиште.

Празниците се време за радост, за уживање и за дружење со најблиските. Не дозволувајте сообраќајна незгода да ви го наруши празничното расположение на вас и вашите најблиски. Возете внимателно и одговорно. За среќни и весели празници!, се вели во апелот на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска