Апасиев: Широката коалиција СДС-ДПМНЕ сложно си го изгласа Законот за поткуп на медиуми

Од:

„Широката коалиција СДС-ДПМНЕ доминираше во Собранието. Сложно си го изгласаа груевистичкиот Закон за поткуп на медиуми (со европско знаменце) + уште посложно го одбија предлогот на Левица да се гласа за Законот за дијабетичарите!“, напиша вчера на својот Фејсбук профил, пратеникот Апасиев.

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, минатиот ноември поднесоа 1.300 амандмани до собранискиот архив за Предлог – законот за аудио-визуелни медиумски услуги со што досега, овој закон беше блокиран токму од Левица.

За овој закон негодуваше и новинарската фела и тие се на ставот дека овој закон не е ништо друго, освен легално поткупување на медиумите за уредничка наклонетост кон власта.

Вчера, со исклучок на Левица, власта и опозицијата, предводени од СДС и ДПМНЕ, во Собранието на Р. Македонија, на пленарната седница ја изгласаа потребата да се донесат измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, со злоупотреба на европско знаменце, со што СДС и ДПМНЕ сложно се согласија да се даде зелено светло за носење на законско решение со кое ќе може со народни пари да се финансира наклонетоста кон властите преку националните телевизиите, за што повеќепати претходно алармираше Левица.

Нашите пратеници опоменуваа повеќе од една година, дека со овој закон, јавниот простор и слободната мисла ќе бидат потиснати под чизмата на авторитарниот режим на СДС, кој ги враќа на голема врата најлошите политики од претходниот режим на ДПМНЕ, овој пат сложно, како широка коалиција.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Горан Наумовски

Апасиев: Она што го очекуваме на овие избори е да не може да се формира влада без Левица

Апасиев: Македонска платформа за да запрат уценувањата на албанското малцинство при формирањето влада

Горан Наумовски

Левица повикува да се потпише Македонска платформа: „Една изборна единица и распуштање на историската комисија“

Катерина Ѓуровски

Апасиев од Штип: На парламентарните избори очекуваме од осум до дванаесет пратеници

Апасиев: Доста е од гласање за помалото зло, треба да спречиме штетни политики