Апасиев: Рашковски лажел дека има два доктората

Од:

Димитар Апасиев од Левица преку неговиот Фејсбук профил го обвини генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски дека излажал оти поседува два докторати.

„Драги Рашковски, кој на функцијата Генерален секретар на Владата беше избран на 5 јуни 2017, ја излажал јавноста дека поседува ДВА ДОКТОРАТА и овој лажен податок го пласирал во своето официјално CV, кое сè уште стои на владиниот сајт (види линкови во коментари).

Имено, од јавно објавениот Билтен на УКИМ бр. 1149 еден месец подоцна, т.е. на 30 јуни 2017 (на стр. 30) – се гледа дека Рашковски во моментот на избор на функцијата немал ниту објавена Одлука за прифатена тема за докторска дисертација, што е иницијална фаза за докторирање – а камоли „одбранет докторат“!?

Според Правилникот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за трет циклус студии, во најдобар случај, меѓу објавениот наслов на дисертација и јавната одбрана на истата поминува една до две години.

Но, нашиот ГенСек уште лани побрзал да се пофали со наводна втора научна титула „доктор на науки“, иако НИКОГАШ – ни до денешен ден – го нема одбрането докторатот, ниту пак има добиено позитивна рецензија за истиот“ пишува Апасиев на неговиот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рашковски – струмичанецот од доверба цврсто врзан за премиерот Заев

Мери Јордановска

(ВИДЕО) Апасиев: Ако сакав да се шитнам, ќе ја прифатев понудата на Заев и ќе бев пратеник

Кристијан Ландов

Апасиев: Генералниот секретаријат на Владата побарал МОН да го „чешла“ моето досие, ова и Грујо не го правеше

Наум Локоски

Апасиев: И Џоле мислеше дека е готово кога ја даваше аболицијата

Наум Локоски