Апасиев: Подготвуваме 101 тужба до Управниот суд, приговорите ни се со право одбиени зашто игравме дрндупки

Од:

Лидерот на Левица Димитар Апасиев вечерва на Фејсбук најави дека партијата ќе поднесе 101 тужба до Управниот суд за изборите. Според него, околу 2.000 приговори кои Левица ги поднесе до Државната изборна комисија, биле со право одбиени, затоа што „си играле дрндупки“ за да откријат дека членовите на ДИК „немаат појма од толкување на правото“.

„1.500 приговори на Левица се отфрлени. И со право. Оти си игравме дрндупки, за да ги соголиме дека немаат појма од толкување на правото.

Но, 500 приговори ни се мериторно ОДБИЕНИ – со образложение дека „не биле впишани никакви забелешки од нашиот претставник во Записникот“!? А, пази, богати – ние приговараме дека сумираните резултати не одговараат во хартиените и во електронски внесените записници!

Впрочем, како би можел нашиот претставник на конретното избирачко место, да претпостави или да знае, дека по неколку часа од затворањето на местото и сумирањето на резултатите – истите ќе бидат погрешно внесени во електронскиот систем на ДИК? Дали е тој видовит, па да знае однапред што ќе се случува во иднина, за да може уште на самото место, прејудициелно и превентивно да „стави писмена забелешка во записникот“!?

Затоа, за да ја доведеме тотално до апсурд искривоколчената логика на неспособните од ДИК, утре – нашиот правен тим – ќе поднесе 101 ТУЖБА до Управниот суд!“, напиша Апасиев.

Би можело да ве интересира

Левица: Јаневска избра дрско да лаже или не знае ни колкав износ за студентски оброк исплаќа нејзиното министерство

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски

Левица: Од милионски криминали до обвинение со максимум пет години – ДПМНЕ ја спушти “големата правда” за Груби и ДУИ на ниво на резил

Предраг Петровиќ