Апасиев: Педерски го сменивте името

Од:

Пратеникот Димитар Апасиев во својот денешен говор во Собранието, реплицирајќи му на Дамјан Манчевски, рече дека името на државата е сменето „педерски“.

„Да ве вратам уште малку поназад во историјата кога требаше сегашниот мандатар да даде оставка. Тоа беше ноќта по неуспешниот рефрендум, требаше да го вратите мандатот, а не капсиозно, и да ми прости ЛГБТ заедницата педерски да играте до крај, а тоа значи без добиена одлука од народот, без легитимитет, квислиншки да го смените името на Македонија. Така прават државниците, така направи Шарл Де Гол, но трговците поединци од струмичко прават поинаку. Сега ќе бевме горди Македонци, а не сичушни Северномакедонци, а потписниците на Преспанскиот договор узурпаторите ќе беа зад решетки за кривично дело загрозување на независноста и ставање во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава кога името Македонија како регион може да го користи Грција, а името Македонија како држава не може да го користи Република Македонија. Ова ви се последни избори на кои освојувате 40 пратеници, бидејќи на светско ниво социјалдемократијата веќе не секси, и ако веќе сакаме да се дијагностицираме, вас ве има добро дијагностицирано еден добар филозоф Кангрга, во два збора, а тоа е шверцери на сопствените животи“, рече Апасиев.

Тој веднаш беше прекорен од спикерот Талат Џафери, кој рече дека пратениците мораат да внимааваат на вокабуларот и дека се надева дека Апасиев не им се обраќа така и на студентите.

Манчевски претходно во својот говор се осврна на референдумот за промена на името, кој според него бил успешен бидејќи и донел напредок на земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Апасиев: Ќе поднесеме втора интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он