Апасиев: Ограничен мандат и кривична одговорност за судиите

Од:

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи најави законски измени коишто ќе бидат предложени во следниот период од пратеничката група на Левица во однос на судиите:

„Една од причините за внатрешната пропаст на Византија, меѓу другото, е и фамозното слободно судиско уверување кое е непресушен извор на корупција.

Кога на ова ќе го додадете и трајниот судиски мандат, вие добивате привилегирана каста која е недопирлива и не ја фаќа закон (не можете да ја тужите и не одговара за ништо)!

Она што ни треба како општество е воведување ограничен судиски мандат (од девет години, по примерот на уставните судии) плус, враќање на југословенскиот модел за кривична одговорност на судиите во случаи на непримена, изигрување или злоупотреба на законите.

И да знаете дека ова ќе биде предложено од нашата пратеничка група во блиска иднина.

„КорупцијатаУбива” – напиша пратеникот Апасиев на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови