Апасиев: Од тука тргнуваме, тргнуваме за да не застанеме и да ги истераме како црв од јаболко

Од:

Вчера и, официјално Левица ја започна кампањата за парламентарните избори од Велес, градот на: Кочо Рацин, Панко Брашнаров, Гемиџиите, Ганчо Хаџи Панзов. Во присуство на огромен број на граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат на #Левица, проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов, се обратија пред велешани.

На митингот во Велес најпрво се обрати претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, која порача дека е блиску до влегување во втор круг на претседателските избори.

„Голема возбуда е да се биде овде. Доаѓам од спомен куќата на Кочо Рацин, а овде туку што ги слушав и неговите стихови. Пред самиот почеток на овој митинг додека си разговаравме со Димитар Апасиев тој рече „Нема револуција без поезија“. И вистина е така, а Велес е вистински пример за тоа” – порача Ванковска и притоа додаде:

„Посакувам да го изодиме овој пат борбено, чесно и доследно. Она што нас нè разликува од оние што трчаат на кратки патеки, е тоа што ние трчаме маратон. Нас не нè задоволува фотелја и позиција. Ние имаме кауза.“

Во продолжение, носителот на ИЕ 3 – Борислав Крмов говореше пред велешани и истакна дека тој е единствениот носител кој го претставува обичниот, работниот македонски народ, за разлика од неговите противкандидати Сања Лукаревска и Драган Ковачки кои се олицетворение на олигархијата, експлоатацијата на народот и лицемерието.

На крај, претседателот на #Левица – Димитар Апасиев со својот моќен и емотивен говор го означи почетокот на кампањата и порача:

„Левица оди над 120.000 гласови на овие избори и целосна пасокизација на СДС. На овие избори одиме на двоцифрен број на пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници. Е, тогаш ќе започне вистинската битка помеѓу левицата и десницата и ќе се пресметаме со лавчињата кои мјаучат пред и молчат пред УЧКите“.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира