Апасиев му „честиташе“ на новиот спикер: Рипката пушти ја во езероно, нек ја фатит Пецак зш многу местит тендери

Од:

Кратко обраќање на претседателот на Левица – Димитар Апасиев на денешната седница за избор на новиот спикер Јован Митрески на кој му честиташе на струшки дијалект:

„Друже, Јовче. Златна рипка да фатеше во езероно, немаше да ти текнит дека некоаш во животот че беше спикер на парламентот. Уживај другар наредни сто дена и прај се ко фараон бетер од Таљат. Ко че се вратиш в Струга со празно CV, а полни џебој, рипката не му ја давај на шерифон Мерко од ДУИ зш е на црна листа во Америка. Пушти ја во езероно нек ја фатит вмроецон Пецак од Охрид, него че му требит зш многу местит тендери. То е брат, шибај и све нај нај, ич да не ти чует”, кажа од говорницата лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците