Апасиев молчи за парите кои и следуваат на Левица, не кажува дали ќе се откаже во корист на работничката класа

Од:

Лидерот на Левица Димитар Апасиев не кажува дали партијата Левица ќе ги задржи или донира париите што ќе ги земе со изгласаните измени на законот за финасирање на партиите.

„А1он“ се обиде да стапи во контакт со Апасиев но, тој не одговори на пораките со прашањата дали ќе се откажат од овие пари во корист на работниците погодени од Ковид кризата или болниците. Од Левица овој пат немаше ниту амндмани, ниту гласни говори од собраниската говорница. Двајцата пратеници на Левица Димитар Апасиев и Борислав Крмов, единствено се огласија на „Фејсбук“ и соопштија дека не гласале за измената на законот за враќање на парите кон партиите.

Но, нивната порака не е доволно јасна дали тоа значи дека ќе се откажат од овие средства, кои минатата година на нивната сметка изнесуваа приближно 95.000 евра.

По носењето на законот Левица и нивниот лидер Апасиев ги прозва, поранешниот член на оваа партија Бранислав Јовановиќ кој праша:

„А бе кај се Апасиев и Крмов да прават „филибастеринг“ за 3-те милиони евра народни пари за политичките партии? Нешто не им текнуваат „смешни“ амандмани кога треба и тие да лапнат стотици илјади евра… Ама добро, нека паднат маските… Нека видат сите убаво дека не им е гајле ниту за сиромашните, ниту за државата, него само за еврата на нивните сметки“, напиша Јовановиќ на својот „Фејсбук“ профил.

И најголемата опозициска партија молчи во однос на парите што треба да ги добие по овој основ. Пратениците на опозицијата за измените за законот за финасирање дадоа поддршка и придонесоа да се донесе законот со кој ќе си земат дел од одбрените 4 милиони евра.

Ова не е прв пат партиите да останат здружени кога се во прашање парите. Кога стартуваше здравствената криза кон крајот на март министерката Дескоска ги повика партиите да се откажат од парите што ги примаат од буџетот и да ги донираат за болниците и здравствените работници, но ниту една партија не се одважи да донира, освен владејачката СДСМ и неколку помали во коалиција со нив.

Лидерот на опозицијата Мицкоски тогаш условуваше дека треба од своите плати да се откажат министрите од Владата, па тогаш да ги врати во Буџетот, а останатите партии мудро молчеа, меѓу кои и коалиционерот на власта ДУИ.

И овој пат пратениците застанаа рамо до рамо без ниту еден глас против, ниту воздржан, и без ниту еден амандман со консензус ги донесоа измените на Законот за финасирање на партиите со кој практично им се враќаат 4 милиони евра кон нивните партии кои беа скратени поради корона кризата.

Средствата на партиите , согласно донесените законски измени ќе им бидат исплатени до 31 декември годинава.

Би можело да ве интересира

Ванковска: Она што е наречено дебатата всушност не беше претседателска дебата

Ванковска: Санкциите кон Русија најскапо ги платија ресенчани

Орце Костов

Ванковска од Битола: Ние припаѓаме на Европа, но не и на Европската унија

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Од тука тргнуваме, тргнуваме за да не застанеме и да ги истераме како црв од јаболко

Левица: Бугари во Устав е предавство, на денешен ден започна бугарската фашистичка окупација на Македонија

Левица: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми”