Апасиев: Квазипатриотот Мицкоски македонскиот народ го прогласи за обична етничка заедница

Од:

Претседателот на Левица Димитар Апасиев во статус на Фејсбук го нарече „квазипатриот“ лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој изјави дека го подржува законот за лични карти, со кој се предвидува во документот да стои етничката припадност на граѓаните.

Апасиев го обвини Мицкоски за спинување и манипулација со граѓаните во однос на неговиот став за законот кој во Собранието го поднесе партијата Беса.

„Христијан Мицкоски, квазипатриотот кој ја преспа Преспа и чиј пратеници стоеја до ѕидот кога се менуваше името Македонија, во надеж дека ќе стане идниот премиер (како што лажно го тапшаше Меркел) – истиот тој “лидер” сега се согласил со сведување на државотворниот македонски народ на обична етничка заедница, само за да им удоволи на неговите идни коалициони партнери – националшовинистите од АА! Овој човек, без око да му трепне, ја прифаќа Тиранската платформа и се нафаќа со целосна ДЕЈТОНИЗАЦИЈА на Македонија (по примерот на Босна), како иден чекор кон кантонизација/федерализација на Републиката и нејзино згаснување. Свака част нехаризматичен мајсторе“, напиша Апасиев во статусот.

Инаку, партијата Левица не го поддржува законот за лични карти кој го поднесе Беса, а во обид да го блокира, поднесе над 1000 амандмани.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Изборните реформи да ја опфатат и дијаспората

Мицкоски: Техничката влада оди во историја, најден компромис за Законот за прекршоци

Апасиев: Договорено новиот Изборен законик да се донесе до крајот на јуни

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите